Торнадо го погоди јужниот дел на САД, седум лица загинаа

од Radmila Tasevska

Спасувачките тимови трагаа по луѓе заробени во текот на ноќта откако торнадо уби најмалку седум лица и предизвика голема штета во јужниот дел на САД.

Само во округот Аутага, Алабама, околу 64 километри североисточно од Селма, шест лица загинаа откако торнадото пресече патека долга 32 километри и уништи десетици домови, објави АП.

Директорот на округот за итни случаи, Ерни Багет, вели дека најмалку 12 луѓе биле толку тешко повредени што морале да бидат пренесени во болница со брза помош.

Слични содржини