ТРАГЕДИЈА НА ТАЈЛАНД: Најмалку 13 лица загинаа во пожар – ЕКСПЛОДИРА ПАБ! (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 13 лица загинаа, а повеќе од 30 се повредени во пожар што избувна во преполн паб во источен Тајланд.

Снимката која кружи на социјалните мрежи покажува како луѓе бегаат од паб од кој излегува густ чад, а потоа излезот го зафатил пламен.

Може да се види и дека на некои луѓе им горела облеката додека бегале од пабот.

Причината за пожарот во областа Сатахип во провинцијата Чонбури, на околу 160 километри од Бангкок, се уште се истражува, изјави началникот на провинциската полиција Атасит Кијахан.

Неколку очевидци опишаа дека прво виделе чад и оган на таванот, а потоа и звук на експлозија.

Слични содржини