Трагедија во Грција: Се урна хеликоптер кој гаснел пожар

од Nikola Popovski

Хеликоптер попладнето се урна во Егејското Море додека учествуваше во гаснење шумски пожар на островот Самос. Едно лице е спасено, а се трага по уште тројца,  објави грчката јавна телевизија Ерт.

„Спасувачката операција е во тек по падот на хеликоптерот кој учествуваше во борбата против шумскиот пожар на Самос“, изјави претставник на противпожарната служба.

„Едно лице е спасено, а се трага по уште три“, додал претставникот.

Околу 14 часот на Самос избувна шумски пожар и во акцијата за гаснење беа испратени три хеликоптери и пет авиони заедно со педесетина пожарникари.

Во тој дел од земјата дува силен ветер над седум бофор (од 12 на скалата), а температурата во Грција во средата достигна 30 степени Целзиусови.

Слични содржини