Трамп: Ако Бајден победи, ќе треба да учиме кинески

од Vladimir Zorba

Американците ќе треба да учат кинески ако Џо Бајден е избран за претседател на Соединетите Американски држави, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во радио интервју за конзервативниот ориентиран новинар Хуго Хјуит, тој зборуваше за себе во трето лице еднина, пренесува Си-Ен-Ен.

„САД ќе бидат во сопственост на Кина доколку Трамп изгуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. „Ќе мора да научите кинески“, рече Трамп.

Односите меѓу САД и Кина се во центарот на изборните кампањи на републиканскиот кандидат Трамп и демократот Бајден.

Трамп ја обвини Кина за ширење на коронавирусот и прикривање информации, а неговата администрација повлече неколку чекори што доведоа до тензии во односите со Кина, пишува Си-Ен-Ен.

Слични содржини