Трамп: Демократите да платат висока цена за истрагата за наводната соработка со Русија

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп рече дека демократите мора да платат висока цена за годините на истрага на наводниот дослух меѓу него и Русија, откако специјалниот советник Џон Дурам објави извештај во кој вели дека истрагата никогаш не требало да биде покрената.

„Се покажа дека е многу опасна измама“, изјави Трамп за „Фокс њуз“ и додаде дека американската јавност е, како што наведе, жртва на „долготрајната и предавничка шарада“ што ја започнале демократите.

Тој посочи дека мора да се плати висока цена „поради она што го поминале САД“.

Слични содржини