Трамп јуниор: Време е да ги вратиме нашите војници од Косово

од Stefanija Kuzmanovska

Најстариот син на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп јуниор, го поддржа американскиот сенатор Дејвид Перју кој изјави дека САД би требале да го преиспитаат своето присуство на Косово.

„Се согласувам. На Косово има 650 американски војници. Време е да ги вратиме дома“, напиша синот на Трамп на Твитер.

Перју претходно денес на Твитер напиша дека Приштина мора да го направи својот дел од работата и да ги укине наметнатите даноци за Србија, како и дека ако Косово не е целосно посветено на мирот, САД треба да го преиспитаат своето присуство таму.

Слични содржини