Трас: Војната во Украина би била катстрофа за Русија, Украина и Европа

од Milan1

Велика Британија денеска ја предупреди Москва дека евентуална инвазија врз Украина ќе биде погубна за Русија, Украина и Европа и оти ќе предизвика огромни трошоци.

– Всушност војната во Украина би била погубна за рускиот и украинскиот народ и за европската безбедност, а НАТО јасно стави до знаење дека секој упад во Украина ќе има огромни последици и сериозни трошоци, истакна шефицата на британската дипломатија Лиз Трас на средбата со рускиот колега Сергеј Лавров во Москва.

На почетокот на средбата Лавров изрази надеж дека Москва и Лондон ќе успеат да ги обноват механизмите на билатералната соработка, „како и бројните меѓуресорски врски што одамна беа прекинати одамна, но, не на наша иницијатива”.

Лавров додаде дека односите помеѓу Русија и Велика Британија се на најниско ниво. Денешниот состанок е без преседан, бидејќи утре нашите министри исто така ќе разговараат во Москва, посочи Лавров

Слични содржини