Тренчевска: До крајот на месецот ќе има конкретни мерки за поддршка на пензионерите

од Nikola Popovski

Продолжуваме и понатаму да се грижиме за највозрасната категорија на граѓани во нашата држава. Денес утрово го добив извештајот од работната група и ќе го проследам до Влада, по што на седница ќе одлучиме какви мерки ќе креираме, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска за барањата на пензионерите за линеарно зголемување на пензиите.

Министерката верува дека до крајот на месецот ќе има конкретни мерки за поддршка на животниот стандард на пензионерите, особено на оние со најниски пензии.

Пензионерите од Тетово вчера порачаа дека пензиите сега уште повеќе треба да се зголемат линеарно и тоа да биде 5000 денари поради повисоките цени на храната. Исто така сметаат дека минималната пензија треба да биде 20 илјади денари. Претходно бараа линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари.

Покрај основните барања, пензионерите бараат и да се укине членарината која ја плаќаат во Сојузот на здружението на пензионери на ниво на Македонија, бидејќи како што истакнаа, Сојузот работи спротивно на нивните интереси.

Слични содржини