Тренер ѝ „залепи“ шлаканица на џудистка: Не грижете се, тоа го барав (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Германската џудистка Мартина Трајдос се најде во центарот на вниманието откако се појави видео од тренер кој ѝ удира шлаканица пред почетокот на борбата.

Таа застана пред да излезе на бојното поле, а тренерот прво добро ја протресе, по што ѝ удри шлаканица двапати и ја испрати во рингоѕ. Таа го загуби натпреварот од Софи Озбас.

Многумина беа згрозени од ваквото однесување и започнаа лавина критики кон тренерот, но потоа се огласи џудистката и објасни сè.

„Не се грижите. Ова е ритуал што го практикувам пред секој натпревар. Тренерот го прави она што го замолив да го направи за да ме налути“, рече џудистката од Германија.

Слични содржини