Трет протестен марш низ улиците на Скопје, се бара „правда за Кољо“

од Nikola Popovski

Низ улиците на скопската населба Аеродром се случи третиот протестен марш за правда за Никола Христовски-Кољо.

Протестниот марш започнал во 19:00 часот пред споменикот „Јане Сандански“ во Аеродром, а граѓаните се движеле кон Кривичниот суд.

Граѓаните, кои во текот на денот се организирале на социјалните мрежи, не извикувале никакви пароли, а повеќето носеле црна облека. Тие бараат повисока затворска казна за убиецот на 17-годишниот Никола Христовски – Кољо, на кој кривичниот суд му изрече тригодишен затвор.

Од кривичниот суд тогаш појаснија дека за кривичното дело убиство на миг, за кое му се судеше на обвинетиот, 18-годишниот А.Т., предвидена е затворска казна од една до пет години.

Член 125 вели дека тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

Слични содржини