Тргната ознаката за тајност: САД собрале 510 извештаи за НЛО во 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska

Во 2022 година, Соединетите држави собраа 510 извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), од кои многу летаа во чувствителен воен воздушен простор.

И покрај недостигот на докази за вонземјани, тие сепак претставуваат закана, се вели во извештајот на американската влада на кој вчера му беше тргната ознаката за тајност.

АП наведува дека по анализата било утврдено дека повеќето извештаи зборуваат за објекти со „незабележливи карактеристики“ и дека тие може да се окарактеризираат како системи на беспилотни летала или објекти слични на балони.

„Средбите со НЛО се случуваат во ограничен или чувствителен воздушен простор, што предизвикува загриженост за безбедноста на летот или активностите за собирање податоци од страна на противниците“, се вели во извештајот на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за 2022 година.

Минатата година, Пентагон ја отвори Канцеларијата за решавање на аномалии во сите домени, која исклучиво се фокусираше на примање и анализа на сите извештаи за неидентификувани појави, од кои многу беа пријавени од воени пилоти, а Канцеларијата соработува со разузнавачките агенции за понатамошна проценка на тие инциденти, пренесува АП.

Слични содржини