Три опции на масата за Меси, ПСЖ веќе не е фаворит!

од Stefanija Kuzmanovska

Непроспиена ноќ е зад навивачите на Барселона, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити. Три опции се на масата за феноменалниот Аргентинец.

Во текот на ноќта, првиот фаворит за потпишување на Лионел Меси беше ПСЖ. Меѓутоа, според она што „Марка“ го пишува од утрово, дојде до пресврт. Три опции се на маса, а најблиску до Аргентинецот сепак е Манчестер Сити.

Според угледниот шпански весник, „граѓаните“ бараат напаѓач, а првиот „пик“ беше Хари Кејн. Меѓутоа, бидејќи Лионел Меси одеднаш се најде на списокот на слободни играчи, тој доаѓа до израз како нова „лажна деветка“. Се очекува Манчестер Сити денеска да започне преговори со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

ПСЖ е се подалеку од Меси. Проблемот е во финансиите. Дефицитот на „светците“ се проценува на 200 милиони евра и клубот се соочува со продажба на играчи. „Марка“ гледа проблем и на високите даноци во Франција, па платата на Меси од 30 милиони евра би го чинела клубот 70 милиони евра годишно. Исто така, првата цел на „светците“ е да го задржат Килијан Мбапе. Тоа не значи дека ПСЖ се откажале од Аргентинецот, но според мислењето на престижниот шпански весник, Манчестер Сити има предност.

Третата опција е МЛС лигата, иако и е дадена најмалку шанса. Планот на Меси беше да се пресели во САД на крајот од неговата кариера, но се уште е рано. Барем не уште две години. Тој толку сака да игра во Европа. Сагата само што започна, очекуваме исход за време на викендот.

Слични содржини