Тригодишно дете во Њујорк преживеа пад од петти кат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Надзорна камера во Њујорк во понеделникот сними пад на тригодишно дете од петти кат на зграда.

Видеото прво прикажува движење на тенда на која паднало тригодишното дете. По слетувањето на земја, на снимката се гледа како момчето се обидува да стане.

Го пронашла жена која шетала по улицата, а наскоро група луѓе се собрале околу момчето кои се обидувале да му помогнат.

Ен-Би-Си Њујорк објави дека момчето од Бронкс, по име Хозе, има Даунов синдром и било дома со неговата мајка, сестра и тетка кога паднал низ прозорецот. Семејството подоцна соопшти дека момчето отстранило парче картон на прозорецот каде што се наоѓал климатизерот.

Слични содржини