Тркаљанов: Правилникот ќе биде одговор на потребите на лицата со попреченост

од Берта Китинска

Правилникот за пристапност на објекти од јавен интерес за лицата со попреченост ќе биде одговор на нивните потреби, а тоа не значи само аритектонски бариери, вели активистот Вангел Тркаљанов во Студио 10

„Правилникот ја опфаќа и интелектуалната попреченост, а беа опфатени и слепите лица кои не секогаш имаат потреба од физичка пристапност, туку и поглед на информации, особено означување на објекти со Браевото писмо. Тука се и лицата со оштетен слух и говор, а тоа подразбира и вработено лице толкувач на знаковен јазик. Тука спаѓа и пристапност на лицата со интелектуална попреченост кои не може да се снајдат во јавните институции.Сите работи кои беа наведени се врз основа на законски решенија по ИСО стандарди. Претседателот Пендаровски рече дека нема да потпише указ за градба, ако не се применуваат ваквите законски регулативи, вели Тркаљанов.

Слични содржини