„Трогателен момент“: Зеленски пријатно изненади украинска новинарка со прегратка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во средата го посети Обединетото Кралство и изненади новинарка со прегратка за време на прес-конференција.

Украинската новинарка на Би-Би-Си станала и пред нејзиното прашање рече дека би сакала да го прегрне Зеленски, но веројатно нема да ѝ биде дозволено.

„Зошто да не?“, одговори Зеленски, пред да излезе од говорницата и да ја прегрне новинарката на нејзино задоволство.

Риши Сунак, британскиот премиер, беше виден во позадина како се смешка и аплаудира. Други новинари го опишаа моментот како „трогателен“ и средбата ја снимија на своите телефони.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а бројни коментатори не го криеја ентузијазмот за гестот на Зеленски.

„Ова е многу убаво од него“, „Се гледа дека има големо срце“, „Вака треба да се однесува секој државен лидер“, „Ќе влезе во историјата како еден од најголемите“, продолжија коментарите.

Слични содржини