Трогателна порака на девојче кое ја загуби мајката во масакрот во Тексас, а таткото два дена подоцна

од Stefanija Kuzmanovska

Ќерката на убиената учителка Ирма Гарсија, која за неколку дена ги загуби двајцата родители, им напиша трогателна порака.

Ирма (48) беше застрелана заедно со колешката наставничка Ева Мирелес (44) и 19 ученици во вторникот кога Салвадор Рамос (18) отвори оган во основно училиште во Јувалда, Тексас.

Сопругот на Ирма, Џо, почина два дена подоцна од срцев удар што неговото семејство го препиша на тагата поради загубата на неговата сопруга со која помина 24 години.

Ќерката на двојката, Лилијана (15), им напишала на родителите: „Вашите имиња нема да бидат заборавени“.

Една од последните работи што ги направи 50-годишниот татко на четирите деца било положување цвеќе на споменикот на жртвите од масакрот во училиштето на плоштадот пред градскиот суд.

Сега е додаден и крст со неговото име, каде ожалостените оставаат цвеќиња.

Трогателна порака од девојчето кое ги загуби родителите

„Тато, знам дека ова беше премногу за тебе. Твоето срце не можеше да издржи. Ќе го поминам остатокот од мојот живот борејќи се за тебе и мама. Вашите имиња нема да бидат заборавени. Твојата ќерка, Лилијана“. напиша Лилијана.

Ирма и Ева очајнички се обидувале да ги заштитат учениците од четврто одделение од основното училиште Роб од дождот од куршуми кога Рамос влетал во училницата. Тој употребил пушка АК15 што ја купил за својот 18-ти роденден, само неколку дена претходно.

Слични содржини