Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Тројца мажи се осудени за учество во обид за изнуда врз семејството на поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, од страна на судот во Германија, јави новинската агенција ДПА.

Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена за пари, судот го осуди на три години затвор за обид за изнуда.

Неговиот син доби условна казна од шест месеци за неговиот дел во шемата, додека поранешен чувар кој некогаш работел за семејството Шумахер доби двегодишна условна казна за помагање и поттикнување изнуда.

Слични содржини