Трудница од Македонски брод се породила во возило на Брза помош

од Nikola Popovski

Жена од Македонски Брод на 2 мај се породила во амбулантното возило со кое требала да пристигне во болницата во Прилеп.

„Во понеделникот рано наутро околу 04:20 часот примен е повик од Самоков за да се транспортира бремена жена со породилни болки до Прилеп. Но по сместувањето во болничкото комбе жената добила силни породилни болки и породувањето било неминовно да се изврши во самото комбе. Поради овие симптоми со асистенција на докторот Александар Ристески и сестрата Елена Иваноски породувањето е успешно извршено, а мајката Мирјана на свет го донела своето четврто дете, ќерката Ева и наместо со родилка, за Прилеп се упатиле персоналот од првата помош и мајка со новороденче, изјавил Жарко Симески, директор на Здраствениот дом во Македонски Брод и појаснил дека и новороденчето и мајката се во добра здраствена состојба и вчера се пуштени дома.

Слични содржини