Царовска ќе учи од Грузија и Естонија: Ќе се креира македонски образовен систем за основно образование

На состанокот кој денес го оддржа министерката за образование, Мила Царовска преку онлајн врска, а заедно со претставници од министерствата за образование на Естонија и Грузија, претставничката на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани, и со претставници на оваа организација од регионални канцеларии, биле споделени грузиските и естонски искуства за реформските процеси во основното образование и моделот на користење на наставните материјали, соопштија од МОН.

„Министерката на состанокот посочи дека врз база на меѓународните искуства ќе се обидеме да искреираме наш нов македонски образовен систем на основно образование, кој како што вели, ќе дава резултати и на домашните и на меѓународните тестирања.

Но, клучно, ќе ги научи децата критички да размислуваат и да донесуваат свои одлуки. Образовниот систем ќе се подобрува врз основа на факти и аргументи што ќе се добијат од Националното тестирање во 2021 година, резултатите од матурата, оценките на крајот од годината и забелешките на учениците, родителите и наставниците“, наведува Министерство за образование и наука.

Групата која ќе ја прави новата концепција за основно образование, испрати истражувачки прашалник
до сите наставници со цел да се утврдат нивните ставови и што е тоа што му недостига на образованието. Прашалникот ќе им биде доставен исто така и на родителите и учениците.

Слични содржини