„Образовни реформи се наопходни итно и тоа сеопфатно. Тоа го покажуваат меѓународни и домашни тестирања. Ако не се промени тоа веднаш, ние оставаме пропуст во создавањето на идни генерации. Нашите деца имаат помалку присуство од сите деца во земјите каде што имаме добри резултати на меѓународните тестирања“, изјави министерката за образование, Мила Царовска во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Таа потенцира дека нашите деца не учат врз основа на теми, туку фактографски што е погрешно и напуштено како концепт во светот уште одамна.
„Образованието не е систем кој што вие го воспоставувате еднаш засекогаш, развојот не застанува никогаш, тој е континуитет, тој никогаш нема крај но треба да поставите модел кој што ќе биде функционален и кој што ќе има чекор со времето и тој во еден момет треба да се постави. Финска воспоставува таков рез, воспоставува високи стандарди за наставниците, нови интегративни програми и тргнува, првите реузлтати ги гледаат после 10 години. Ако сакаме како држава да фатиме чекор со светот, со европските држави, со развиените држави тогаш треба итно дури самите треба да се притискаме себе да направиме реформи“, рече Царовска.