Царовска: Учениците досега учеа од несоодветна програма и несоодветни учебници

На денешната јавна расправа во Собранието за нацрт-концепцијата за основно образование, министерката за образование и наука, Мила Царовска во своето обраќање посочи дека реформите во образованието се неопходни и се во интерес на сите деца, и потенцираше дека ова не треба да сопре бидејќи досега учениците следеа несоодветна програма и учеа од несоодветни учебници, што само по себе носи штета.

„Сите истражувања потврдуваат дека нашите деца не се стекнуваат со потребните вештини и не можат да го развијат својот полн потенцијал поради лошиот образовен систем. Според ОЕЦД, учениците до 14 години од Северна Македонија добиваат околу 900 часа помалку настава во споредба со другите земји членки, а според УСАИД, нашите деца имаат тешкотии во основни вештини, како што се читање со разбирање и одземање. Нивните тестирања покажуваат дека помалку од 40 проценти во второ одделение ги завршиле задачите со прочитан текст, наспроти меѓународното мерило од 80 проценти. Овие податоци значат уништени генерации и запоставени и заборавени идни човечки потенцијали“, потенцираше Царовска.

Слични содржини