Целосен хаос во Ница: Навивачи гаѓаа фудбалер со шише, а потоа влетаа на терен! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Натпреварот помеѓу Ница и Марсеј не е завршен, бидејќи на крајот имаше инцидент откако навивачите го гаѓаа Дмитриј Паје со шише, а тој им возврати, што резултираше со целосен хаос.

Откако влегоа во последните десет минути од натпреварот, навивачите на домашниот тим Ница фрлаа кон Паје, кој направи нешто што ретко се гледа – истото шише им го врати на трибините.

Навивачите веднаш полудеа, а добар дел од нив влетаа на теренот за да се судрат со искусниот француски фудбалер.

Обезбедувањето едвај успеа да интервенира и да спречи пожесток конфликт, иако имаше одреден физички конфликт помеѓу играчите, членовите на стручниот штаб и навивачите.

Во моментот на прекинот, Ница водеше против Марсеј 1: 0, а стрелец на голот беше Каспер Долберг во 49. минута.

Слични содржини