Централен регистар: Не е потребен правосуден испит за добивање дигитален сертификат

од Vladimir Zorba

Според Централниот регистар, не се точни тврдењата на малите сопственици дека еден од условите за да можете да добиете дигитален сертификат е да имате положен правосуден испит.

„Упис во регистарот на вистински сопственици може да изврши секое физичко лице кое поседува валиден дигитален сертификат, а со истиот може да се здобие преку овластените издавачи – КИБС и Телеком. Уписот во регистарот е без надомест во рамки на законскиот рок, а техничката помош врши секојдневни обуки за секое заинтересирано лице кое ќе побара помош. Постапката е едноставна, во неколку чекори и не одзема многу време“, велат од Централниот регистар во својот демант.

Слични содржини