Централно одбележување во Ватикан на јубилејот 5 години канонизација на Мајка Тереза

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот од пет години канонизација на Мајка Тереза, што за прв пат е во заедничка организација на министерството за надворешни работи и Светата Столица.

Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка од Скопје до Светица”, во присуство на ватиканскиот секретар за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, по што ќе следува и прием во присуство на високи гости и претставници на Рим и Ватикан.

Слични содржини