Црна Гора: Минимална плата 450 евра од 1-ви јануари

од Nikola Popovski

Пратениците на црногорскиот парламент денеска усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година.

Се укинуваат придонесите за здравство, се воведува неоданочлив дел од заработката до 700 евра, како и зголемување на даночната стапка на платите над 1.000 евра од девет на 15 отсто.

За законите гласале и дел од опозицијата и тие биле донесени со 50 гласа, иако власта има вкупно 41 пратеник.

Измените на сетот закони се дел од програмата наречена „Европа сега“, која наиде на остри критики од опозицијата, дел од експертите, но и од владејачкото мнозинство.

Слични содржини