Црна Гора: Ниту денес нема нови случаи на коронавирус

од Nikola Popovski

Институтот за јавно здравје на Црна Гора утрово соопшти дека е завршена анализата на 117 примероци, меѓу кои нема нови случаи на инфекции на коронавирус, така што бројот на заразени од избувнувањето на епидемијата останува 322.

Бројот на излечени лица се зголемил на 240, додека бројот на заразени се намалува, така што сега има активни 82 лица.

Седум пациенти се на болничко лекување, додека 1.730 лица се под медицински надзор.

Од избувнувањето на епидемијата во Црна Гора, седум лица починале.

Слични содржини