Црна Гора во НАТО покажа дека вратите на Алијансата се отворени

од desk3
Романскиот министер за одбрана Адријан Тутуену во петокот одржа состанок со својот црногорски колега Предраг Бошковиќ. Тој истакна дека неодамнешниот прием на Црна Гора во НАТО претставува доказ дека вратите на Алијансата остануваат отворени, објави романскиот весник Nine o’Clock.
“Го поздравувам приемот на вашата земја  како 29-та членка на НАТО. Приклучувањето  на Црна Гора во НАТО придонесува до регионален и меѓународен мир и безбедност и испраќа моќен сигнал до другите земји кои сакаат пристапување. Ова  докажува дека вратите на Алијансата остануваат отворени. Убеден сум дека Црна Гора ќе ги покаже истите напори да биде интегрирана во европските структури и да развие регионалната соработка “, изјави министерот Тутуену.
За возврат Бошковиќ изјави дека приемот на неговата земја во НАТО претставува добар сигнал за сите земји кои сакаат да се приклучат на организацијата.

Слични содржини