Црвен картон за кашлање кон противникот ?!

од Vladimir Zorba

Фудбалерите кои играат во англиската Премиер лига би можеле да се соочат со ново правило.

И тоа се однесува на… кашлање.

Наводно, Фудбалската асоцијација планира да воведе збир на правила за следната сезона, сето тоа во позадина на кризата со коронавирус.

Засега е познато дека тимовите сепак ќе имаат право на пет измени, но предлог за ново правило ќе биде особено интересен.

Фудбалската асоцијација ќе ја стави на гласање идејата дека судијата добива право да покаже директен црвен картон на фудбалер, кој се обидува да го иритира противникот со кашлање.

Според ова правило, судијата би можел да реагира доколку процени дека некој намерно сакал да загрози друг, и дека станува збор за провокација поврзана со коронавирусот.

Услов за ваква казна ќе биде претпоставката дека ваквиот потег е неспортски и значи непочитување на противникот, но и на самата лига.

Слични содржини