Тухел пред реваншот со Реал: Дозволено ни е да сонуваме, но шансите не се големи

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, изјави дека неговиот тим ќе се обиде да одигра на границата на своите можности на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ за да се обиде да го избрише водството на Реал Мадрид од два гола во четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите. Германецот додаде дека Ромелу Лукаку нема да патува со тимот во Мадрид, бидејќи има повреда на Ахиловата тетива.

„Шансите не се големи со оглед на резултатот од првиот натпревар, турнирот, противникот и стадионот на кој гостуваме. Еден од најголемите предизвици е посетата на Бернабеу. Уште потешко е ако бркате одреден резултат. Во овие околности изгледа речиси невозможно, но вреди да се проба, што значи дека ќе мора да одиграме до крај. Може да се научи многу од последниот натпревар. Ние ќе го искористиме тоа. Ни треба фантастично сценарио. Задачата и предизвикот се неверојатно тешки. Дозволено ни е да сонуваме. Убавината на оваа игра е што сè е можно“, истакна Тухел.

Аут се и Калум Хадсон-Одои и Бен Чивел. Аспиликуета даде негативен тест и ќе биде во групата, додека Рос Баркли е болен.

„Реал има огромна предност во однос на физичката форма. Тие користат пет смени во текот на сезоната, а ние ја немавме таа можност иако играме во најинтензивната лига. Не успеавме да поставиме поголемо темпо на првиот меч поради нашата физичка подготвеност и нивната способност да ја забават играта. Во реваншот мора да најдеме начин да бидеме подобри во овој поглед“, изјави Тухел.

Слични содржини