Турција отвора уште два гранични премини со Сирија

од Radmila Tasevska

Турција работи на отворање на уште два гранични премини со Сирија за да се овозможи проток на хуманитарна помош во соседната земја, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Тој рече дека оштетувањето на сириската страна од патот што води до граничниот премин, кој е отворен исклучиво за хуманитарна помош како дел од одобрението од Советот за безбедност на Обединетите нации, предизвикува тешкотии.

– Има одредени проблеми во однос на помошта на Турција и меѓународната заедница. Поради тоа, се прават напори да се отворат уште два гранични премини, информира Чавушоглу.

Слични содржини