Туристи од Сингапур и Јапонија треба да пристигнат во земјава, ќе бидат детално прегледани

од Aleksandar Todeski

Двесетина туристи преку Бугарија треба да пристигнат во земјава, а се работи за туристи од Сингапур и Јапонија. Оваа вест Министерството за здравство ја добило од туристичка агенција, па од таму веќе известиле патниците да бидат детално интервјуирани, а по потреба и прегледани.

Фото: Борче Поповски

„Доаѓаат од Романија, каде веќе има регистриран случај, за да бидеме повнимателни“, посочи министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Тој посочи дека бројот на заболени во Европа расте, како и дека во Србија е регистиран прв случај на заболен од Коронавирус, па затоа предложил владата да ги продолжи превентивните мерки.

„Го повторувам апелот, граѓаните да се придржуваат на препораките за личната хигиена. Дистрибуцијата на дезинфективни средства во училиштата е почната. Во Албанија, Косово и Црна Гора нема случаи. Во Италија се размислува да се затвори уште еден регион. Се трудиме да стапиме во контакт со наши граѓани за да не информираат однапред ако планираат да доаѓаат“, истакна Филипче.

 

Слични содржини