Турци се собрале во џамија и покрај забраната, настанал ХАОС (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во регионот Газиантеп во југоисточна Турција, избувна голем конфликт во една џамија во која учествуваа собраните верници и членови на Фондацијата „Фуркан“ од една страна, и припадници на полициските сили од друга страна.

Со оглед на тоа што во моментов во сила е целосна блокада, што, меѓу другото, воведува забрана за собирање во затворени простории, членовите на организацијата „Фуркан“ изразиле незадоволство од ваквата одлука на Ердоган и неговата партија АК.

Лидерите на организацијата истакнаа дека забраната за собирање во џамии подразбира лишување на верските слободи.

Во знак на протест, членовите на организацијата се собраа во една од џамиите во Газиантеп на молитва, а лидерите на движењето истакнаа дека сите собрани ќе ја почитуваат дистанцата и ќе носат маски во џамијата.

Меѓутоа, многу брзо откако се собраа, полициските сили влегоа во џамијата и им наредија на верниците да си заминат. Кога тие одбиле, се судриле со полицајците кои со солзавец ја растерале толпата. Според турските медиуми, полицајците кои користеле солзавец биле суспендирани.

Слични содржини