Турција ја критикува Приштина за отворањето амбасада во Ерусалим

од Vladimir Zorba

Денес Турција остро ја осуди одлуката на Косово да отвори своја амбасада во Ерусалим.

Турското Министерство за надворешни работи објави дека Приштина со ваквиот потег ја прекршила резолуцијата на ООН за статусот на Ерусалим и му нанела штета на мировниот процес за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, пренесе ТАСС.

Анкара смета дека Приштина предизвикала штета со кршење на статус квото на Ерусалим како дел од мировниот процес, како и визијата за решавање на конфликтот со создавање палестинска држава.

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово порано денес објави дека амбасадата во Израел, со седиште во Ерусалим, е официјално отворена, како дел од договорот постигнат во Вашингтон минатиот септември.

Приштина и Израел воспоставија дипломатски односи на 1 февруари на онлајн церемонија, пренесе Танјуг.

Ветувањето на Приштина за отворање амбасада во Ерусалим предизвика остри критики во Турција, а критики стигнаа и од Европската унија, која рече дека одлуката на Приштина да отвори амбасада во Ерусалим е спротивна на меѓународното право.

Слични содржини