Тужба против црква поради нов бран на корона, се бара и отштета

од Stefanija Kuzmanovska

Управата на градот Сеул ќе побара отштета во износ од 4 милиони долари од Презвитеријанската црква поради нарушување на напорите за следење и тестирање на луѓето на коронавирус.

Нов бран коронавирус избувна во една презвитеријанска црква чии членови беа на голем протест во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, во средината на август, со што тој град стана центар на коронавирусот.

Повеќе од еден месец, во реонот на Сеул се регистрирани трицифрен број на новозаразени лица на ден, потсетува „Ројтерс“.

Властите во Сеул соопштија дека ќе ја тужат црквата Саранг Џели и нејзиниот водач Џун Кванг-хун за „придонес кон повторното ширење на Ковид 19 со одбивање и нарушување на епидемиолошките истраги и доставување лажни материјали“.

Корејската служба за здравствено осигурување исто така најави дека ќе ја тужи црквата и ќе бара обештетување од 4,7 милиони долари.

Јужнокорејскиот центар за превенција и контрола на болести денес објави дека се потврдени нови 126 случаи на коронавирус во таа земја и дека вкупниот број на заразени лица достигнал 22.783 од почетокот на пандемијата.

377 лица починаа од коронавирусот во Јужна Кореја.

Слични содржини