Уапсен сопругот на Ненси Пелоси, учествувал во сообраќајка под дејство на алкохол

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругот на претседателката на американскиот Претставнички дом, Ненси Пелоси, е уапсен во саботата под сомнение дека возел под дејство на алкохол во округот Напа во Калифорнија и учествувал во судир на две возила, соопшти сообраќајната полицијата на Калифорнија.

Пол Пелоси (82) бил одведен во притворниот центар на округот Напа, откако бил обвинет за два прекршока и му била одредена кауција од 5.000 долари, според полицијата, но тој не бил на списокот на лица во притвор.

Сообраќајната патрола во Калифорнија соопшти дека Пол Пелоси возел „порше“ од 2021 година и дека во неговото возило удрил џип управуван од маж (48).

Во несреќата нема повредени, додаваат од патролата, а другиот возач не е уапсен.

Портпаролот на Ненси Пелоси рече дека нема да коментира работи кои се од лична природа, а кои се случиле додека таа била на источниот брег на САД.

Слични содржини