Уапсена малолетничка во Нови Сад: Им се заканувала на соучениците, го поддржувала Коста К.

од Stefanija Kuzmanovska

Полицијата на Нови Сад уапсила девојче (14) од околината на овој град поради сомнение дека им се заканувала на ученици од основно училиште и на социјалните мрежи му давала поддршка на Коста К.(13), осомничен за масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.

„Постои сомнеж дека на социјална мрежа им се заканувала на ученици за време на час и му давала поддршка на осомничениот за убиството во белградското основно училиште Владислав Рибникар“, се вели во соопштението на полицијата, пренесе српски „Информер“.

При претрес на станот во кој живее, полицијата во нејзината соба пронашла куршум од непознат калибар.

„Малолетничката, заедно со кривичната пријава е изведена пред надлежниот судија на Вишиот суд во Нови Сад, кој по рочиштето ѝ одреди мерка притвор до 30 дена. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава за кривични дела загрозување на безбедноста, предизвикување паника и неред и недозволено изработување, држење, носење и промет со оружје и експлозивни материи“, се додава во соопштението.

Слични содржини