Уапсени две лица кои го запалија српското знаме во Тирана

од Nikola Popovski

Полицијата во Албанија уапсила две лица под сомнение дека го запалиле српското знаме на вчерашните протести во Тирана, пишува „Газета Сињали“.

Според албанскиот портал „Топ чанел“, уапсените лица се однесени во полициска станица на распит, објави „Косово онлајн“.

На синоќешниот протест организиран од поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој е насочен против доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и одржувањето на состанокот во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, запалено и газено било српското знаме.

Премиерот Зоран Заев и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја предводат владината делегација која ќе земе учество на редовниот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, која ќе продолжи денеска во Тирана.

Слични содржини