Убиен поранешен ММА борец

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски ММА борец, Тајлер Ист, беше убиен во Ново Мексико.

Ист (30) е убиен по расправија со девојка. Наводно ја застрелал девојката во станот, а потоа ја извлекол надвор, а потоа него му пресудил друг маж, кој сега е во бегство.

Американските медиуми јавуваат дека полицијата го пронашла мртвиот Ист и една жена со прострелна рана, која е пренесена во болницата и во моментов се наоѓа во стабилна состојба.

Ист беше помладиот брат на поранешниот УФЦ-борец Коди Ист. Кариерата ја заврши пред пет години со сооднос од 15 победи и шест порази.

Во претходните години, тој имаше проблеми со законот. Претепал колега од средно училиште, бил уапсен за семејно насилство, крадел пари од картичката на неговата баба…

Слични содржини