Украински медиуми: Убиен е градоначалникот на Гостомел, Јуриј Прилипко

од Nikola Popovski

Убиен е градоначалникот на градот Гостомел, Јуриј Прилипко, тврдат украинските власти.

Според истиот извор, Прилипко загинал додека делел леб и лекови на оние на кои им требало.

„Тој загина како херој, но за жал поради руските напади засега е невозможно да се изврши погребот“, изјавија официјалните лица, информираат украинските медиуми.

Прилипко починал денеска заедно со уште двајца Украинци, Иван Зоре и Руслан Карпенко.

Денес е дванаесеттиот ден од руската инвазија на Украина. Руската војска најави дека ќе отвори повеќе хуманитарни коридори, но Украина го нарече рускиот предлог за хуманитарни коридори „целосно неморален“ откако Москва објави дека ќе ги води коридорите кон Белорусија или Русија.

 

Слични содржини