Училишното ѕвонче ќе заѕвони на 1.окотомври

од Берта Китинска

Учебната година наместо на 1-ви септември да почне на 1-ви октомври 2020 година.

Владата на вчерашната седница ги усвои Протоколите за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година.

Во Протоколот за основните и средните училишта се предвидува наставата да се одвива со почитување на мерките за заштита, односно, носење маска, држење дистанца и хигиена на раце.

Вчера во Владата се одржаа одделни средби на претставници на родители кои се за онлајн настава и претставници на родители кои се залагаат за физичко присуство.

На средбите претставниците на двете групи родители имаа прилика да ги соопштат своите ставови и аргументи, како и да бидат детално запознаени со одлуката на Владата за моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во основното и средното образование во услови на Ковид-19, која е донесена врз основа на стручните анализи и препораки на Комисијата за заразни болести, информираат од Владата.

Од Владата потенцираат дека овој комбиниран модел, бил истакнат на средбата, и е прифатен како модел кој во најголема мерка ги намалува ризиците за здравјето на учениците и наставниците и истовремено обезбедува спроведување на наставно-образовните програми.

Властите напоменуваат дека ако епидемиолошката остане стабилна, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство на сите деца во училиштата.

„На почетокот, со физичко присуство почнуваат најмалите од прво до трето одделение и на барање на основачот, на општините, школите коишто имаат мал број на деца во класовите или мал број на класови во училиштата. Понатаму, дел од стручните училишта коишто праксата мора да ја изведуваат во самите училишта. Ќе ја пратиме епидемиолошката ситуација. Доколку таа остане вака стабилна како што е сега, овој тренд на намалување мало, но сепак намалување на бројот на случаи и намалување на бројот на пациенти коишто се лекуваат во болниците, што се едни од за нас најважните индикатори како се менаџира кризата и каква е ситуацијата со епидемијата, ќе се дозволи постепено враќање со физичко присуство и на други ученици од други одделенија“,рече министерот Филипче во интервју за Сител.

Тој повтори дека почетокот на учебната година е сериозен ризик да се влоши епидемиолошката ситуација затоа што голем број деца би биле во една или повеќе затворени простории со можност да комуницираат многу интензивно во текот на денот, повеќе денови во текот на неделата помеѓу себе, поради што препораката е за физичко присуство само на децата од првите три одделенија додека другите да продолжат онлајн настава.

„Сакаме да ги избегнеме лошите сценарија коишто ги видовме во земјите кои целосно ги отворија училиштата. Децата се преносители на вирусот, а нашата анализа покажа дека најлесна форма и најмалку процентуално, под 4%, заболуваат најмалите деца до 9 години“,рече тој.

Слични содржини