Укинат пратеничкиот имунитет на Курц

од Nikola Popovski

Австрискиот парламент му го укина пратеничкиот имунитет на шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешниот канцелар Себастијан Курц, со цел да продолжи истрагата што ја води Обвинителството за економски криминал и корупција.

Одлуката за одземање на имунитетот на Курц беше донесена едногласно, а гласаше и ОВП чиј лидер е Курц.

По оставката од функцијата канцелар, Курц беше заштитен со пратенички имунитет откако се пресели во собраниските клупи.

Против него се води истрага за проневера, како и давање лажна изјава пред собраниската анкетна комисија во врска со корупциската афера „Ибица“.

Кога се дозна за покренатата истрага, Курц изјави дека не е виновен и дека не го прекршил законот, отфрлајќи ги сите обвинувања. Тој рече дека се радува на симнувањето на имунитетот бидејќи сега ќе може да ја продолжи истрагата и ќе ја докаже својата невиност.

Покрај него, денеска беше укинат и пратеничкиот имунитет на генералниот секретар на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц.

Против него се води истрага поради ширење омраза во случајот со убиството на малолетници, а за што се виновни илегалните мигранти, јави Танјуг.

Слични содржини