Украина: Бројот на жртвите во Кременчук се искачи на 13, повредени се 50 лица

од Nikola Popovski

Бројот на загинатите во денешниот напад на трговскиот центар во украинскиот град Кременчук се искачи на 13, додека 50 лица се повредени, изјави гувернерот на областа Полтава, Дмитриј Лунин.

Лунин додаде дека две руски ракети го погодиле трговскиот центар, пренесува Ројтерс.

Тој на Телеграм објави дека е рано да се зборува за конечниот број на жртви, бидејќи спасувачите се уште пребаруваат под урнатините.

Лунин додаде дека 21 лице биле префрлени во болница, а прва помош добиле 29 лица, кои не биле хоспитализирани.

„Тоа е терористички акт против цивили“, рече гувернерот.

Претходно украинскиот претседател Зеленски соопшти дека повеќе од 1.000 луѓе биле во трговскиот центар за време на нападот.

Би-би-си јави дека пожарот избувнал на површина од 10.000 квадратни метри.

Кременчук, индустриски град со околу 217.000 жители, е дом на најголемата рафинерија за нафта во Украина.

Слични содржини