Украина тврди: Руси упаднаа во болница во Мариупол, држат 400 заложници

од Nikola Popovski

Заменик-градоначалникот на Мариупол Сергеј Орлов објави дека руските војници ги зеле како заложници персоналот и пациентите на болницата во Мариупол, јавува дописникот на Би-Би-Си од Л’вов, Хуго Бачега.

„Добивме информации дека руската армија ја зазеде нашата најголема болница… и дека нашите пациенти и лекари се користат како заложници“, рече тој.

„Можеме да ја потврдиме оваа информација, а ја потврди и гувернерот на регионот Доњецк. Добивме информација дека таму има 400 луѓе“, информира Орлов.

Слични содржини