Украина: Уште 24 деца загинаа во Мариупол, во градот избувна епидемија на дизентерија и колера

од Vladimir Zorba

Канцеларијата на државниот обвинител на Украина денеска соопшти дека има информации дека уште 24 деца загинале во пристаништето Мариупол на југоистокот на земјата, кое беше под опсада неколку недели пред да биде заробено од руските сили во средината на мај.

Во соопштението на Канцеларијата се наведува дека најмалку 287 деца загинале од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, а повеќе од 492 деца се повредени, пренесе Ројтерс.

Во соопштението на државното обвинителство на Украина во Телеграм се вели дека 24 деца загинале како резултат на „неселективно руско гранатирање“ и се додава дека тие бројки не се конечни.

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, тврди дека санитарните системи во тој уништен пристанишен град не функционираат и дека човечки тела скапуваат по улиците.

„Избувна епидемија на дизентерија и колера. Војната, која досега однесе повеќе од 20.000 жители, со избивањето на инфекцијата, ќе однесе уште илјадници животи“, изјави Бојченко за националната телевизија, истакнувајќи дека некои бунари во градот биле контаминирани со трупови.

Тој ги повика Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да воспостават хуманитарен коридор за да им се овозможи на преостанатите жители да го напуштат градот, кој сега е под контрола на Русија.

Слични содржини