Украина: Во Херсон откривме четири „места за мачење“ кои ги користеле Русите

од Stefanija Kuzmanovska

Државното обвинителство на Украина денеска соопшти дека открило четири „места за мачење“ кои ги користеле Русите во Херсон за време на окупацијата на градот, кој украинските сили го презедоа на 11 ноември.

„Обвинителите во Херсон продолжуваат да ги утврдуваат руските злосторства: Имале места за мачење во четири згради“, објави обвинителството на Телеграм.

Според обвинителството, украинските истражители дошле во четирите згради, „привремени притворни центри“ пред војната, „каде за време на окупацијата на градот окупаторите незаконски држеле луѓе и сурово ги мачеле“. Инспекторите таму пронашле инструменти за мачење.

„Пронајдени се делови од гумени палки, дрвени палки, уреди со кои Русите мачеле цивили со електрошокови, извадени се и куршуми од ѕидовите. Во подрум на зграда најдовме метална цевка и лисици. Во ќелиите и подрумите луѓето биле измачувани на различни начини, физички и психички“, се вели во соопштението на обвинителството.

Инспекторите ќе настојуваат да ги идентификуваат сите жртви. Досега Москва не реагираше на обвинувањата на Киев дека руските сили извршиле воени злосторства во областа Херсон.

Слични содржини