Украинците објавија ВИДЕО од шумата околу Бахмут: „Непријателот ги губи позициите“

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот генерал и командант на копнената војска на Украина, Олександр Сирски, на својот канал на Телеграм објави видео создадено од камера на униформа.

Сирски тврди дека видеото е снимено во шумата околу окупираниот украински град Бахмут, кој руските сили и платениците на приватната воена компанија Вагнер неодамна го ставија под целосна контрола.

„Одбранбените сили продолжуваат да напредуваат на периферијата на градот, а непријателот ги губи позициите кај Бахмут“, објави Сирски, чии тврдења не се независно проверени.

Слични содржини