Украинската армија призна: Русија има голема предност во електронското војување

од Stefanija Kuzmanovska

Русија има голема предност пред Киев во електронското војување, пред се во борбата со беспилотните летала, поради што офанзивата оди бавно, изјави за порталот „Страна.уа“ портпаролот на воздухопловните сили на Украина, Јуриј Игнат.

„За жал, во тој дел тие се далеку пред нас. Дронот не мора да биде соборен со противвоздушни ракети или противвоздушни топови. Можете едноставно да го принудите да слета ако го пресретнете со системи за електронско војување“, рече Игнат.

Како што додаде тој, „Русија денес има моќни системи кои се мешаат во работата на украинските одбранбени сили“, пренесува „Спутник“.

„Таа има доволно од тие системи. Украина постигна напредок во областа на електронското војување, но ние почнавме доцна, требаше порано да почнеме да ги развиваме тие системи“, посочи Игнат.

Слични содржини