Украински министер: Русите бетонирале телата во театарот во Мариупол

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко на Твитер објави дека Русија се обидува да ги скрие своите воени злосторства под изговор за реконструкција на театарот во Мариупол.

Герашченко напиша дека руските работници кои работеле на реконструкција на театарот во Мариупол имале наредба да не се извлекуваат телата на жртвите, туку само да се бетонираат.

Тој изјави дека според информациите од тамошните медиуми, работите бавно напредуваат поради недостиг на хлор.

Театарот во Мариупол беше засолниште за околу 1.200 цивили и бил уништен во бомбардирањето за кое украинската страна ја обвини Русија. Според податоците што ги објави Украина, бројот на загинати е околу 300 лица.

Фото: EPN/Newscom / Newscom / Profimedia

Слични содржини