Украинскиот премиер ѝ го честита на С. Македонија почетокот на претседавањето со ОБСЕ

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот премиер Денис Шмихал ѝ честиташе на С. Македонија за почетокот на претседавањето со ОБСЕ и наведе дека се надева на дополнителна поддршка за Украина, пренесува „Укринформ“.

„Северна Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Честитки до премиерот Димитар Ковачевски! Сметаме на континуирана соработка со ОБСЕ, понатамошна координација и поддршка за Украина“, напиша Шмихал на Твитер.

С. Македонија ќе претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) од 1 јануари 2023 година. Министерот за надворешни работи Бујар Османи стана нов претседавач со ОБСЕ.

Слични содржини