Украинските образовни институции на мета на руските лажни наративи

од Vladimir Zorba

Обраќањето на Путин ги инспирираше руските пропагандисти за нова серија лажни наративи, лажни видеа, дезинформации кои ги зафаќаат сите сфери на украинската, со војна погодена држава.

На мета на лажните објави на проруските Телеграм канали, освен воениот и политички врв на Украина и украинските вооружените сили, сега се и украинските образовни институции.

По обраќањето на Путин пред федералното собрание на 21 февруари, руската пропаганда започна серија лажни приказни за поплаки, наводно, напишани во Украина против оние кои го гледале неговиот говор. Укринформ веќе отфрли една од нив, која се однесуваше на поплаки против колегите на работа. Темата на друга е децата кои наводно се жалат на родителите.

Конкретно, руските пропагандни телеграм канали дистрибуираа фотографија од прашалникот, кој наводно биле замолени да го пополнат учениците од прво до петто одделение во училиштето бр. 43 во Миколаев, именувано по К. Ф. Олшански.

Како што може да се види од фотографијата, прашалникот се состои од следниве прашања и тоа:

„Како се викаш?“,

„Кое одделение си?“,

„Дали знаеш дека рускиот претседател Владимир Путин имаше обраќање на 21 февруари. , 2023?“,

„Ако е така, како дознавте за тоа?“,

„Дали вие или вашите роднини го гледавте овој говор?“,

„Дали вашите најблиски гледаат руски канали дома?“

Според пропагандистите, ваква фотографија учениците добиле од наставничка која работи во ова училиште, а, според неа, се работи за поплака за родители. Тие, исто така, предложија информациите потоа да се пренесат на украинските специјални служби.

Овој прашалник е лажен. Од управата на училиштето за „Укринформ“ велат дека не е спроведена анкета, а уште повеќе не проруска.

целиот текст на следниот линк!

Слични содржини